Женева: 77 илјади луѓе лани загинале во природни катастрофи

Меѓународната федерација на Црвениот Крст и на Црвената полумесечина во извештајот објавен денеска наведуваат дека природните катастрофи што во минатата година го зафатиле светот биле причина за смртта на скоро седумдесет и седум илјади луѓе. Тоа е три пати повеќе од бројот на жртвите во претходната година. Во извештајот се додава дека околу двесте и пеесет милиони луѓе биле погодени од суши, поплави и земјотреси кои предизвикале штети во вредност од најмалку пеесет и шест милијарди долари.