Киев: Продолжува посетата на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин со денешната средба со украинскиот претседател Леонид Кучма ја продолжува посетата на Киев, само неколку дена пред претседателските избори во таа земја. Украинската опозија предпредува дека властите се обидуваат да го употребат Путин за да влијае врз гласачите да се определат за нивниот кандидат, прорускиот премиер Виктор Јанукович.