Ерусалим: Парламентот се изјаснува за планот на Шарон за повлекување од Газа

Израелскиот парламент денеска треба да се изјасни за планот на премиерот Ариел Шарон за повлекување од Појасот Газа. Шарон вчера во Парламентот објасни дека со повлекувањето од Газа, Израел ќе може полесно да се брани од нападите на милитантите и ќе има поголема контрола врз еврејските населби на Западниот Брег.