Багдад: САД ќе започнат истрага за исчезнатиот експлозив во Ирак

Соединетите Држави ќе започнат истрага во врска со изчезнувањето на над 300 метрички тони експлозив во Ирак. Портпаролот на Стејт Департментот Адам Ерели изјави дека американските сили ги обезбедувале сите складишта со оружје по паѓањето на режимот на Садам Хусеин, но оти во Ирак постоеле и многу скриени складишта. Меѓународната агенција за атомска енергија го извести Советот за безбедност за изчезнувањето на експлозивот, кој би можел да се искористи како детонатор за нуклеарна бомба.