Газа: Шестмина Палестинци загинале во израелски напади

Шестмина палестинци загинале во синоќешните напади на израелската војска на југот на Појасот Газа.
Израелската војска соопшти дека нападите биле одговор на палестинското ракетирање врз еврејските населби во текот на викендот. Инаку, денеска израелското собрание треба да го разгледа владиниот план за повлекување на еврејските населби од Газа во идната година.