Пекинг: Посета на американскиот државен секретар Колин Пауел

Американскиот државен секретар Колин Пауел ја продолжува посетата на Далечниот исток. Денеска тој од Јапонија, патува за Кина, каде што ќе има средби со официјални претставници на оваа земја. Во понеделник и вторник Пауел ќе ја посети и Јужна Кореа, а во фокусот на разговорите на неговата турнеја се борбата против тероризмот и северно-корејската нуклеарна програма.