Рамала: Туниски доктори ќе го прегледуваат Арафат

Шестмина туниски доктори допатуваа синоќа во Рамала, седиштето на Јасер Арафат за да извршат прегледи на 75годишниот палестински лидер. Ова е втора група доктори што доаѓа да го прегледа Арафат, кој според официјални претставници на неговиот кабинет боледува од грип.