Киев: Собир за поддршка на опозицијата на претседателските избори

Десетици илјади Украинци учествуваа на собирот во Киев во знак на поддршка на опозициониот претседателски кандидат Виктор Јушченко. Како што јавуваат агенциите, станува збор за најголемиот собир во пост советската ера на Украина. Јушченко им порача на присутните да не останат тивки ако забележат обиди за фалсификат на претседателските избори на 31 октомври.