Костур: Средба на министрите за одбрана на Македонија, Грција и Албанија

Министрите за одбрана на Македонија, Грција и Албанија денеска во Костур, како што е најавено, треба да разговараат за соработката на трите земји во одбраната. Посебно ќе стане збор за изградба на мини регионален безбедносен систем со цел зајакнување на јужното крило на НАТО.