Узбекистан: Посета на генералниот секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер, во рамките на посетата на земјите од Централна Азија, денеска ќе престојува во Узбекистан и Таџикистан. Схефер оцени дека е од голема важност соработката меѓу НАТО и Централно Азиските држави во војната против тероризмот, контролата на оружјето за масовно уништување и трговијата со дрога.