Скопје: Две лица повредени во експлозија

Две лица биле повредени во денешната експлозија на бомба во скопската населба Скопје Север. Министертсвото за внатрешни работи информира дека експлозивната направа која била поставена под патничко возило марка Бе Ем Ве на паркинг просторот на улица Гоце Стојчевски, била активирана во моментот кога двете лица сакале да влезат во автомобилот. Повредените се пренесени во Градската болница во Скопје.