Берлин: Посета на шефот на турската дипломатија Ѓул

Шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул престојува во Германија во обид да го забрза почетокот на преговорите за членство на неговата земја во Европската Унија. Ѓул изрази увереност дека Германија ќе помогне за надминување на забелешките што ги има Франција во врска со ова прашање.