Багдад: Двајца американски војници загинаа во хеликоптерска несреќа

Двајца американски војници загинале а двајца други се здобиле со повреди за време на паѓањето на два воени хеликоптери во југозападниот дел на Багдаде, соопшти американската армија. Како што пренесуваат агенциите, американската војска сеуште не може да ја соопшти причината за падот на двата хеликоптери. Американските воени хеликоптери постојано се мета на напади во Багдад и околината.