Кабул: Привремениот лидер на Авганистан Карзаи води според првичните резултати од изборите

Според првичните нецелосни резултати на претседателските избори во Авганистан, со 59 насто води привремениотр лидер Хамид Карзаи. На второ место е поранешниот министер за образование Јунус Кануни со 17 , на трето узбечкиот господар на војната Абдул Рашид Достум со 13 насто освоени гласови од досега преброените. Пребројувањето на гласовите денеска е одложено поради почетокот на светиот муслимански месец Рамазан.