Ријад: Две лица загинале во престрелка

Саудиските безбедносни сили соопштија дека во престрелка што се случила рано изутринава во главниот град Ријад биле убиени две лица. Телевизијата Ал Арабија јави дека не е познато дали при оваа престрелка е ранет некој припадник на полициските сили на Саудиска Арабија. Други детали за овој случај засега не се соопштени.