Либија: Поздравена одлуката на ЕУ за укинување на санкциите

Либија ја поздрави одлуката на шефовите на дипломатиите на ЕУ да ги укинат санкциите кон оваа земја воведени пред речиси 12 години, оценувајки дека се работи за голема победа и дека е доказ оти дијалогот е покорисен од санкциите. Министрите на ЕУ вчера во Луксембург одлучија да ги укинат санкциите и да го ублажат емаргото за извоз на оружје од Либија. Министрите за надворешни работи на Унијата истакнаа дека со ова ја наградуваат Либија за нејзината одлука да се откаже од оружјето за масовно уништување.