Фалуџа: Воздушни напади на американската војска

Четири лица загинале во два воздушни напада на американската војска во ирачкиот град Фалуџа. Мета на нападите како што е соопштени биле приврзаниците на Абу Мусаб ал Заркави. Во болницата во Фалуџа е соопштено дека покрај четрите загинати лица има и 6 ранети. Жртвите биле вработени во еден ресторан кој е целосно уништен во нападот на американската авијација.