Кабул: Одложување на броењето на гласовите од претседателските избори

Авганистанскиот заеднички изборен орган соопшти дека ќе го одложи броењето на гласовите од претседателските избори додека не добие толкување за можните нелегални гласови. Независно тело треба да ги испита наводите за прекршување на изборните правила, меѓу кои и кои и дека некои лица гласале повеќе пати. Меѓународните посматрачи оценија дека имало одредени проблеми, но оти изборите главно поминале добро.