Техеран: Посета на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров

Министерот за надворешни Работи на Русија Сергеј Лавров денеска ќе отпатува на дводневна работна посета во Иран. На разговорите во техеран ќе биде рагледан терминот за престојната посета на рускиот претседател Владимир Путин во оваа земја, соопшти РИА Новости повикувајки се на руското министерство за надворешни Работи. Лавров во техеран ќе разговара и за билатералните односи, меѓународните и регионалните проблеми , неширењето на нуклеарното вооружување и соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија.