Камбера: Парламентарни избори во Австралија

И австралианците денеска гласата на парламентарни избори, од кои ќе зависи иднината на воените сили на оваа земја во Ирак. Премиерот Џон Хауард се залага 900 австарлиски војници кои се наоѓаат во Ирак да останат таму додека не ја завршат работата. Но така не мисли и лидерот на опозициската Лабуристичка партија Марк Латам кој вети дека доколку победи на парламентарните избори австралиските војници ќе бидат вратени дома до крајот на годината.