Берлин: Германската држава Хесе забрани носење муслимански шамии на работните места

Германската држава Хесе го забрани носењето муслимански шамии на работните места. Во неколку други германски држави е во сила закон со кој им се забранува носење муслимански шамии само на наставниците. Германскиот врховен суд зазеде став дека сите закони мора да ги третираат религиите рамноправно.