Независноста на судовите - приоритетна задала

Законите што се однесуваат судскиот систем, не се прецизни, што значи ни претстои уште многу работа во насока на постигнување на европските стнадради. Откако ке се прилагодат нашите закони со европското законодавство потребно е тие да се имплементираат, а тоа е потешката работа, оценуваат експертите во контекст на реформите во судството што се пак важни и за почитување на човековите права со оглед на долгото траење на судските постапки преку кои што граганите ги остваруваат своите права во повеке области. Тие сметаат оти судството во Македонија се наога во фаза на претстојни реформи. Притоа особено внимане треба да се посвети на обука на судскиот персонал, како судиите, стручните соработници со цел применување на европското право. За тоа во кои области се потребни реформи професор Рената Дескоска од Правниот факултет вели


„Приоритетна е независноста на судството, особено начинот на избор и разрешување на судии. Значи, потребна е реформа на Републичкиот судски совет како орган, којшто повеќе ќе биде врзан за судството, а помалку за Собранието и парламентарното мнозинство. Тоа значи дека главната реформа би била поголем број од членовите на Републичкиот судски совет да се избираат од редовите и од самите судии и на тој начин тие ќе обезбедат доминантно влијание. Понатаму, битно е во судството да се направи реформа во специјализирање на судовите за определен тип на предмети, што ќе донесе поголема ефикасност“

Кога станува збор за постигнување на мегународните стнадарди во делот на човековите права во Македонија мора прво да се работи на допрецизирање на правната рамка, а потоа се разбира нејзино имплементирање што е пак клучно, смета Мирјана Најческа, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Според неа главен проблем е во тоа што не постои владеење на правото. Без јасен систем на норми и санкции во случај на непочитување на нормите не може да стане збор за човековите права и сллободи, посочува таа и додава


„Во моментот законите не се до крај прилагодени, подзаконски механизми за заштита се уште нема, а судството не е спремно ниту од аспект на независноста, ниту од аспект на знаењата за меѓународните стандарди, да одговори на оваа своја задача“