Каиро: Во ноември меѓународна конференција за Ирак

Меѓународната конференција за Ирак на која инсистираат Соединетите Американски Држави е предвидена за последната седмица од ноември во Египет, соопшти египетското министерство за надворешни работи. Шефот на египетската дипломатија Агмед Абул изјави дека постојат индиции што укажуваат дека сите повикани страни, вклучувајќи го и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, ќе земат учество на конференцијата.