Пекинг: Педесет и пет години од доаѓањето на комунистите на власт

Во Кина денеска се прославува пеесет и пет годишнината од доаѓањето на комунистичката власт во таа земја. На главната прослава на плоштадот Тјенамен во Пекинг присуствуваа претседателот Ху Џинтао и премиерот Вен Џиабао кои, како што јавуваа агенцијата Хсинхуа, им порачаа на кинезите напорно и чесно да работат за развојот на земјата.