Вашингтон: Министерите за финансии на Г-7 за долговите на најсиромашните

Министрите за финансии на Групата седум најразвиени држави денеска во Вашингтон ќе расправаат за плановите за олеснување на долговите на најсиромашните земји во светот. Претседателот на Светската банка Џејмс Волфенсон деновиве го поддржа британскиот предлог ним да им бидат отпишани десет насто од долгот што го имаат кон Светската Банка.