Мајами: Прв предизборен дуел Буш - Кери

Американскиот претседател Џорџ Буш и Сенаторот Џон Кери ноќеска по европско време ќе го одржат првиот директен дуел во рамките на кампањата за претседателските избори на 2 Ноември. Првата од трите планирани дебати ќе биде одржана во кампусот на Универзитетот во Мајами и ќе биде посветена на надворешната политика, а се очекува да ја следат околу 50 милиони луѓе. Според истражувањата на јавното мислење претседателот Буш има предност, иако посматрачите сметаат дека трката е се уште тесна.