Багдад: Во Каиро ќе се одржи конференција за стабилноста на Ирак

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари изјави дека во ноември во Египет ќе биде одржана министерска конференција за подршка на стабилноста и на изборите во Ирак, планирани за јануари наредната година. На конференцијата треба да учествуваат ирачките соседни земји, групата 8 најразвиени држави, Кина и претставници на Обединетите Нации, Европската Унија, Арапаската Лига и на Организацијата на Исламската Конференција.