Мосул: Загинаа најмалку четворица припадници на Националната гарда

Најмалку четврица припадници на Ирачката национална гарда загинале, а тројца други биле повредени во денешната експлозија на автомобил бомба во Мосул на североистокот на Ирак. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во моментот кога покрај возилото минувала патрола на ирачката гарда. Експлозии имало и во Бакуба при што биле убиени неколкумина цивили. Денеска во Багдад била гранатирана и полициската академија, но нема извешати за евентуални жртви. Претходно, во градот Садр во близина на Багдад, како што јавуваат агенциите, биле забележани американски воздушни напади во кои загинале најмалку две лица.