Џеда: Убиен француски државјанин

Еден француски државјанин синоќа е убиен во Џеда, Саудиска Арабија, јави државната саудиска новинска агенција. Според неименуван претставник од Министерството за внатрешни работи, полицијата го истражува овој случај и мотивите за убиството. Други детали не се соопштени.