Бакуба: Американците уапсија ирачки генерал

Американската војска го уапсила генералот на ирачката национална гарда за реонот на Бакуба поради неговата поврзабост со бунтовниците. Генералот Ал Гаид бил уапсен на 23 септември поради неговите врски со познати бунтовници, се наведува во соопштението на американската војска. Генералот командувал со три баталјона на националната гарда кои биле задолжени за безбедноста на провинцијата Дијала, чиј главен град е Бакуба.