Вашингтон: Идниот месец конференција за изборите во Ирак

Американскиот државен секретар Колин Пауел изрази надеж дека во наредниот месец ќе биде организирана конференција за ирачкиот изборен процес, на која би учествувале Западни и земји од Блискиот исток. Според некои медиуми, повеќето држави ја подржале ваквата идеја, но предупредиле дека американскиот претседател Џорџ Буш би можел да ја искористи за добивање политички поени пред изборите во Соединетите Држави.