Њујорк: Колин Пауел со шефовите на дипломатиите на земјите од Јадранската повелба

Министрите за надворешни работи на Американско – јадранската повелба денеска ќе имаат средба во Њу Јорк на која ќе присуствува и американскиот државен секретар Колин Пауел. Освен министрите на Македонија, Хрватска и Албанија Илинка Митрева, Миомир Жужуљ и Кастриот Ислами, на средбата како гости ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина.