Њујорк: Бразил, Германија, Индија и Јапонија заеднички за постојано место во Советот за безбедност

Бразил, Германија, Индија и Јапонија решија да ги здружат нивните напори за да добијат постојано место во Советот за безбедност на Обединетите Нации. Во соопштението, објавено на маргините на тековното Генерално собрание, се наведува дек тие се уверени оти претставуваат легитимни кандидати за постојани членки на Советот.