Израел: Генерален штрајк на работниците од јавниот сектор

Околу 400 илјади работници во јавниот сектор на Израел започнаа генерален штрајк со кој се блокираат повеќето владини активности и меѓународниот сообраќај на земјата. Работничката федерација на Израел протестира поради неисплатени плати и планираното кратење на буџетот што ќе придонесе за затворање на работни места и намалување на платите.