Хаити: Најмалку 50 загинати во тропска бура

Најмалку пеесет луѓе загинале, а сто и пеесет се водат за исчезнати во тропската луња наречена Жан која го зафати островот Хиспањола меѓу Хаити и Доминиканската Република. Хаитските власти соопштија дека повеќе од осумдесет насто од градот Гонав бил под вода, поради што се страхува дека бројот на жртвите би можело да биде многу поголем.