Перт: Средба на македонските иселинички организации со шефот на австралиската дипломатија

Претставници на македонските иселенички организации во Австралија, денеска во Перт, како што јавува МИА, имале средба со австралискиот министер за надворешни работи Александар Даунер. Тој изразил надеж дека претстојното отворање македонска амбасада во Канбера ќе придонесе за поголема трговско економска соработка меѓу двете земји.