Техеран: Иран ја отфрли резолуцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија

Иран денеска ја оптфрли резолуцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија која ја обврза оваа земја да ја замрзне програмата за збогатување на ураниумот, изјави главниот ирански преставник во преговорите Хасан Рохани. Иран нема да ги прифати обврските во врска со прекинот на збогатување на ураниумот. Ниту едно меѓународно тело не може да го натера Иран на тоа, порача Рохани. Тој соопшти дека Иран ќе ги спречи ненајавените инспекции на нуклеарните постројки од страна на агенцијата на ОН, доколку прашањето за нуклеарната програма на оваа земја биде изнесено пред Советот за Безбедност на ОН.