Москва: Денеска спречени два терористички напади

Во Москва денеска, како што соопшти претставникот на руската служба за безбедност Сергеј Игњатченко, биле спречени два терористички напада. Агенциите јавуваат дека два автомобили полни со експлозив биле пронајдени во центарот на Москва. Претходно бил уапсен возачот кој признал дека автомобилите требало да ги паркира на плоштадот Кутузов. Уапсениот потоа, како што се додава, починал во болница, од срцев удар.