Багдад: Закани за убиство на киднапираните Американци и Британец

Групата Тавхид и Џихад што ги предводи Абу Муса ал Заркави, сојузникот на терористичката мрежа Ал Каида во Ирак, денеска се закани дека ќе ги убие двајцата американци и британецот што пред два дена ги грабна во Багдад. Телевизијата Ал Џезира емитуваше снимка на која припадници на оваа група велат дека заложниците ќе бидат убиени доколку Вашингтон и Лондон за четириесет и осум часа не ги осолободат ирачките затворенички од Абу Граиб и Ум Касар.