Грозни: Шамил Басаев ја презел одговорноста за заложничката драма во Беслан

Чеченскиот сепаратистички лидер Шамил Басаев ја презел одговорноста за заложничката драма во Беслан, како и за другите терористички напади во Русија. Во пораката преку интернет страницата на чеченските сепаратисти, се вели дека напаѓачите, командувани од Басаев превзеле серија операции, вклучувајки ги и земањето заложници во Беслан, соборувањето на руските авиони, како и експлозиите во Москва.