Брисел: Согласност за формирање европски воени полициски сили со седиште во Италија

На неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската Унија, Франција, Италија, Шпанија, Португалија и Холандија постигнаа согласност за формирање европски воени полициски сили за подршка на меѓународните мировни мисии. Планирано е таквите сили, на кои можат да им се придружат и другите европски земји, да бидат оперативни наредната година, а нивното седиште ќе биде во Италија.