Њујорк: Анан повикува на што поскоро усвојување на резолуцијата на САД за Судан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан го повика Советот за безбедност што поскоро да ја усвои американската нацрт-резолуција за запирање на насилствата во суданската провинција Дарфур. Според Анан, цивилите во Дарфур сеуште се изложени на напади и принудени да ги напуштаат своите домови. Резолуцијата предвидува санкции против Судан.