Фалуџа: Најмалку 16 загинати во судирите на американските сили со бунтовниците

Американските сили соопштија дека над 60 бунтовници и тројца маринци загинале во борбите во ирачката провинција Ал Анбар, каде што се градовите Фалуџа и Рамади. Според болнички извори во Фалуџа, при воздушниот напад загинале најмалку 16 лица, меѓу кои и жени и деца.