Тирана: Експлозија на авион МИГ 21

Албански воен авион од типот Миг дваесет и еден експлодирал по летнувањето од аеродромот Ринаси кај Тирана, соопшти албанскиот министер за сообраќај Спартак Почи. Тој посочи дека авионот носел оружје и оти е во тек истрага за причините на експлозијата.