Хаг: Стивен Кеј ќе побара одлагање на процесот против Милошевиќ

Адвокатот Стивен Кеј, кој ја води одбраната на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал се очекува денеска да побара одлагање на процесот. Причината за ваквиот чекор, како што соопшти Кеј, е неможноста оваа недела да најде луѓе кои ќе бидат сведоци во одбраната на Милошевиќ. Агенциите јавуваат дека сведоците одбивале да се појават пред Трибуналот се додека на Милошевиќ не му биде дозволено да се брани самиот.