Лондон: Блер повикува на акција за решавање на проблемот со глобалното затоплување

Британскиот премиер Тони Блер повика на итна меѓународна акција за решавање на проблемот со глобалното затоплување. Во спротивно, според Блер, оваа појава ќе придонесе за уништување на човековата егзистенција. Блер смета дека водечка улога во таа акција треба да имаат членките на Групата осум најразвиени земји во светот.