Камбера: Можни нови терористички напади врз австралиски цели во Индонезија

Австралискиот премиер Џон Хауард изјави дека би можело да има нови терористички напади врз австралиски цели во Индонезија откако вчера пред амбасадата на Австралија во Џакарта експлодира бомба. Одговорноста за нападот што, според претпоставките на полицијата, ја извеле неколкумина самоубијци и во која загинаа девет луѓе, а сто и осумдест беа повредени, ја презеде Џама Исламија, радикална милитанта група, поврзана со Ал Каида. Оваа група побара повлекување на австралиските сили од Ирак, но премиерот Хауард го одби барањето.