Свет: Се продлабочува јазот меѓу САД и Европа

Според последините истражувања на јавното мислење, Соединетите Држави и Европа го продлабочуваат јазот за безбедносните прашања и употребата на сила по ирачката војна. Истражувањето Тренд 2004 напревено во јуни, а во кое се опфатени 11 илјади американци и европејци покажува дека се одвиваат фундаментални промени во транс атланските односи. Мнозинство од испитаниците во Европа сакаат понезависна улога од Соединетите Држави и три четвртини од нив покажале несогласување со меѓународната политика на американскиот претседател Џорџ Буш. Само Британија и Холандија се за силно американско раководство. За разлика од нив 79 проценти од американците подржуваат силно раководство на Европската Унија во светски рамки и во Европа гледаат на нај префериран партнер. Додека американците се идеолошки поделени одколу 80 насто европејци не веруваат дека американската инвазија на Ирак беше вредна на жртвите и трошоците.