Минск: Посета на претседателот на Иран

Претседателот на Иран Мохамед Катами денеска ќе го посети Минск каде што со лидерите на Белорусија ќе разговара за соработката меѓу двете држави. Катами кој вчера беше во Ерменија ги осуди напаѓачите во школото во Беслам Северна Осетија со зборовите дека починиле двоен криминал со напади врз невини луѓе и дискредитирање на религијата која учи на мир и хуманизам.