Хаг: Почна распитот на сведоците на одбраната на Милошевиќ

Пред Хашкиот трибунал денеска почна распитот на сведоците на одбраната во процесот против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Како прв сведок се појави белградската професорка по право Смиља Аврамов чиј студент бил Милошевиќ. Испрашувањето, како што јавуваат агенциите, го водел британскиот адвокат Стивен Кеј кој судскиот совет во Хаг во минатата недела го наименува за бранител на Слободан Милошевиќ. Поради тоа Милошевиќ денеска протестирал со тврдењето дека Кеј не го застапувал него, туку судиите на Хашкиот трибунал. Милошевиќ, како што е познато, е обвинет за геноцид во Босна и за злосторства против човештвото во Хрватска и на Косово.